1022 hPa
100 %
6 °C
Скопје - Чет, 05.12.2024 11:41
ДПМНЕ со државни ресурси веќе ја ЗАВРШИ кампањата за изборите кои се најавени во април. Што со буџетски пари, што со вработувања во администрацијата, што со злоупотреба на државни институции во партиски цели.
Во деновите кои следуваат Груевски ќе направи максимални обиди за да ѝ „удоволи“ на опозицијата, а сето тоа пред очите на ЕУ и САД, со цел СДСМ да се убеди со „гаранции“ и да ја повтори грешката од 2013, кога учествуваа на локалните избори.
Спремен е и опозицијата сама да го чисти избирачкиот список, а тие само да бидат надзор, за да не се бришат оние имиња од нивните клиентелистички списоци. Спремен е и некој да оди „курбан“ во затвор во негово име. Дури е спремен пола МРТ да ѝ ја даде на опозицијата, плус соодветн простор на сите режимски телевизии, портали, радија и весници!
Зошто ќе биде толку дарежлив? Затоа што работата за на 24 април му е веќе фикс, математички заокружена операција. По евентуално обновениот легитимитет на однапред добиени избори, јагнето кое ќе го гледате во следните недели повторно ќе биде волк.
Затоа е потребно:
1) Комплетно делегитимирање на институциите кои ќе учествуваат во организација на изборите во април
2) Во некој нов процес да се инсистира на суштински услови, па дури тогаш датум за избори. На основа на лошите искуства од Договорот од Пржино.
3) Новиот датум за избори да биде барем двојно поблиску до 31 декември од стариот на 24 април, да се анулира веќе создадената предност преку институциите и јавните финансии.
Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња