1004 hPa
93 %
0 °C
Скопје - Чет, 22.01.2026 21:00
_0.jpg)
Како ќе одиме на избори кога не е казнет ниту еден од криминалците кои систематски произведувале илјадници лажни гласачи, со лажни лични карти, на лажни адреси?
Како ќе одиме на избори кога не е казнет ниту еден од илјадниците лажни гласачи?
Како ќе одиме на избори кога не е казнет ниту еден од „најголемите вагабонти од МВР“ кои учествуваа во изборни злодела ширум Македонија?
Како ќе одиме на избори кога не е казнет ниту еден од инспекторите на УЈП кои со „пиштење вриштење“ предизборно казнуваа политички неподобни фирми?
Како ќе одиме на избори кога не е казнет ниту еден член на ДИК кој бесправно поништувал изборна волја?
Како ќе одиме на избори кога не е казнет ниту еден судија кој се ставил во заштита на членовите на злосторничкото здружение за изборен криминал?
Како ќе одиме на избори кога не е казнет ниту еден обвинител кој замижувал или ги криел во фиока доказите за изборен криминал?
Како ќе одиме на избори кога не е казнет ниту еден министер за исклучувањето лифтови, за кражба на изборни материјали, за претворање на МВР во ВМРО?
Како ќе одиме на избори кога не е казнето ниту едно лице за изборен поткуп?
Како ќе одиме на избори кога не е казнет ниту еден министер за учество во злосторничкото здружение за изборни измами и други криминали?
Како ќе одиме на избори со куртон-медиуми корумпирани со буџетски пари, уредувани од „Началникот“?
Како ќе одиме на избори кога Груевски продолжува да глуми премиер и да ги користи сите државни ресурси за изборна кампања?
Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња