Незадоволни членови на ГДОМ се жалат: место сендвичи, добивме функции

22.04.2016 12:24
Незадоволни членови на ГДОМ се жалат: место сендвичи, добивме функции

Скопје, 22 април 2016

Очекувале сендвичи, а добиле директорски функции - таква е несреќната судбина на двајца членови на ГДОМ кои ја контактираа редакцијата на Пара вести.

Тие велат дека дошле на собирите на Граѓанското движење за одбрана на Македонија со желба да замезат нешто, но исходот бил сосема поинаков.

„Кога се појавив на протестите за одбрана на Македонија, мислев дека ме чека сендвич. Бев изненаден кога подоцна, наместо храна, ми беше доделено директорско место во театар“, вели Братислав Димитров, еден од нашите соговорници.

Неговата тешка судбина ја дели и актерот Тони Михајловски, кој, на негово големо жалење, бил изоставен при поделбата на сендвичи, но добил директорска функција.

„Мора да се живее некако. Директор - директор. Тоа е“, резигнирано коментира актерот Михајловски.

Слики: Странски служби