Лекарите се борат за животот на човек кој седнал на студен бетон

07.05.2016 11:42
Лекарите се борат за животот на човек кој седнал на студен бетон

Скопје, 7 мај 2016

24-годишниот Емил Петков, програмер од Аеродром, кој случајно седнал на студен бетон, денес итно е донесен во ургентниот центар каде лекарите се борат за неговиот живот.

Емил седнал на студениот бетон пред својата зграда откако одиграл партија баскет со другарите од маало.

„Момчето во Ургентниот центар е доведено во исклучително тешка состојба, со смрзнатини од трет степен и воспаление на неколку витални органи. Последиците од седење на студен бетон се исклучително комплицирани, па уште е неблагодарно да се даваат прогнози за исходот од лечењето. Сепак, бидејќи е во прашање млад организам, се надеваме дека ќе се извлече“, вели доктор Горан Арсовски, дежурен хирург во Ургентниот центар.

Пред оваа медицинска установа ја затекнавме и видно вознемирената мајка на Емил.

„Не знам како се случи мојот Емил да седне на студен бетон. Од мали нозе го воспитував да не го прави тоа и не верувам дека туку-така седнал. Да ви кажам искрено, се сомневам во официјалната верзија на настанот. Тој да седне на бетон после кошарка, запотен, загреан, и уште да испие ладно пиво - нема шанси! Или некој го наговорил или го принудил, нема друго! Само да оздрави, повеќе нема да смее да излезе од дома без капа и џемпер“, вели мајката на Емил.

Вестите од операционата сала нетрпеливо ги очекуваат и другарите на Емил, кои во голем број се собраа пред Ургентниот центар, а мајката на Емил постојано ги опоменува да се тргнат од вратата, за да не ги фати промаја.

Извор: www.njuz.net