1011 hPa
82 %

15 °C
Скопје - Пет, 23.05.2025 01:05
ЦЕНТАРОТ ЗА ПСИХОСОЦИЈАЛНА И КРИЗНА АКЦИЈА од Скопје, нуди бесплатна психолошка помош за настраданите од поплавените подрачја на Скопје.
ПОМОШТА се однесува на пружање психосоцијална помош и поддршка, зајакнување на капацитетите за справување и враќање на контролата врз сопствените животи, односно справување со пост-трауматскиот стрес и намалување на последиците од преживеаните трауми.
КОЈ - Тим од психолози, стручњаци за психосоцијална, кризна и посттрауматска интервенција
КОМУ - Помошта е наменета за директните и индиректните жртви на несреќата, на нивните семејства и најблиски, како и на најмладите членови, децата, погодени од настанот. Помошта им се нуди и на помагачите (професионалци, полупрофесионалци, волонтери, граѓани кои се директно или индиректно вклучени во спасување и помагање на настраданите).
КАДЕ – Во просториите на Центарот, Бул. Партизански Одреди, 23 - Скопје, со јавување и закажување на тел. 070- 769-945
Лице за контакт: Елеонора Николовска