Женско искуство

25.08.2016 10:15
Женско искуство

Денеска официјално почнуваат Струшките вечери на поезијата. Неофицијално, СВП веќе почна, и тоа прозаично: со оставката на Елизабета Шелева од жирито за наградата „Браќа Миладиновци“ поради тоа што во потесниот избор за признанието не се најде и поетската книга „Црно на бело“ на Лидија Димковска, која го откажа учеството во Струга. Во врска со настанот, директорот на СВП, Мите Стефовски, постави антологиско прашање: „Зошто имало потреба да се направи скандал заради еден автор?“

Годинава добитник на „Златниот венец“ е Маргарет Атвуд од Канада. Во образложението се вели дека наградата и се доделува и за исклучителниот придонес во „третирањето на позицијата на женскиот субјект кој страда, за тегобноста, искористувањето и потчинетоста во модерниот свет. Низ моќта на нејзините стихови секогаш ги отсликува различните нијанси на женското искуство, ограничувањата кои го загрозуваат, како и опстанокот за кој неминовно се бори“. Значи, Атвуд ќе ја дочекаме со тазе доказ колку овде е залуден нејзиниот ангажман. Прво, можно е по оставката на Шелева во жирито останале само мажи (неговиот сè уште е државна тајна), но сигурно се знае дека по елиминацијата на Димковска во конкуренција за наградата останаа - само мажи. Второ, ако и сега на Стефоски не му јасно зошто треба да се прави скандал заради еден автор, тогаш СВП има проблем поради еден (ваков) директор.

Слика: Aleksandra Waliszewska

Извор: Слободен печат

Слични содржини

Книжевност / Култура

ОкоБоли главаВицФото