Зигмунд Бауман ми разрешува зошто „животот“ на ФБ изгледа како што изгледа

07.09.2016 14:41
Зигмунд Бауман ми разрешува зошто „животот“ на ФБ изгледа како што изгледа

Зигмунд Бауман ми разрешува многу дилеми за тоа зошто „животот“ на ФБ изгледа како што изгледа; зошто разговорите за разни големи наративи (политика, слобода, вера, религија, човекови права, маргинализирани заедници) се чинат само како тореадорски арени.

„Разликата помеѓу заедницата и мрежата е во тоа што ти ѝ припаѓаш на заедницата, а мрежата ти припаѓа тебе. Чувствуваш дека контролираш. Можеш да додадеш пријател, ако сакаш, можеш да ги избришеш ако сакаш, ти си тој што контролира кои се важните луѓе (...)... Осамата и напуштеноста се најголемите стравови на нашето време на индивидуализација. Луѓето потфрлија да ги научат вистинските социјални вештини. Социјалните вештини кои се потребни кога си на улица, на работа, каде што наоѓаш многу луѓе со кои треба да влезеш во сензибилна интеракција. Многумина ги користат социјалните мрежи не за да се здружат, не за да ги отворат и прошират своите хоризонти, туку напротив, за да се стават себеси во зоната на комфорот каде што единствениот звук кој го слушаат е ехото на нивниот сопствен глас.“

Ете така. Привид. Зигмунд Бауман за отсуството на социјалното во рамки на социјалните мрежи. Можеби овие забелешки на благородниот мислител ќе ни помогнат да сфатиме зошто не можеме да се разбереме околу многу прашања. Оти не е ни битно да се разбереме - „битно е да го слушнеме ехото на сопствениот глас“, вели тој.

Извор: Фејсбук профилот на авторката