Дожд

04.11.2016 17:16
Дожд

денес врне многу, многу,
и се чини дека го мијат светот
мојот сосед отстрана го гледа дождот
и размислува да напише љубовно писмо/
писмо на жената која живее со него
и му готви и му ја пере облеката и води љубов со него
и наликува на неговата сенка/
мојот сосед никогаш не ѝ кажува љубовни зборови на жената/
влегува дома низ прозорецот и не низ вратата/
низ вратата се влегува во многу места/
на работа, во градскиот кварт, затворот,
во сите згради во светот/
но не во светот/
не во една жена/ ни во душата/
односно/ во оваа голема кутија или брод или дожд кого го
нарекуваме така/
како денес/ кога врне многу/
и тешко ми е да го напишам зборот љубов/
зашто љубовта е едно нешто а зборот љубов е друго/
и само душата знае каде се пресретнуваат двете/
и кога/ и како/
но душата што може да објасни/
затоа мојот сосед има бура во устата/
зборови што доживуваат бродолом/
зборови кои не знаат дека има сонце зашто се раѓаат и умираат
истата ноќ во која љубел/
и оставаат писма во мислата кои тој никогаш нема да ги напише/
како тишината што постои меѓу две рози/
или како мене/ кој пишувам зборови за да се вратам
кој мојот сосед кој го гледа дождот/
дождот/
на моето прогнато срце/

Превод од шпански: Марија Петровска
Извор: Хуан Хелман, Светоединение и други прашања, СВП, 2014.
Слика: Рене Магрит

ОкоБоли главаВицФото