1017 hPa
93 %
8 °C
Скопје - Нед, 05.05.2024 04:59
Додека попот го пееше опелото за покојниот, одвреме-навреме правеше мали паузи за да си поткасне од чоколадата која скржаво ја криеше од натажените присутни. Пееше и мљацкаше со затворени очи, и малиот скриен верник во мене, за да го оправда недоличното однесување на буцкастото свештено лице, си помисли дека преку него, всушност, душата на покојникот се насладува од белата чоколада и произведува звуци од кои на натажените им течеа невидливи шеќерни солзи.