Птицата што се плаши дури и од лак

05.12.2016 04:14
Птицата што се плаши дури и од лак

За време на државата Чу* имало еден надалеку познат стрелец. Се викал Генг Јенг.

Еден ден царот на државата Веј* го повикал и го замолил да му ја покаже својата вештина. Стрелецот погледнал в небо и гледајќи дека лета една птица, му рекол на царот:
„Милостив цару, ако сега само го затегнам лакот без стрела, птицана ќе падне мртва.“

Царот не поверувал во неговите зборови, но сепак сакал да го види и тоа чудо. Кога птицата малку се приближила, стрелецот го затегнал лакот и со звукот на смирувачкиот лак птицата паднала токму пред нозете на царот. Не можејќи да си дојде при себе од чудото, го запрашал стрелецот за тајната на неговата моќ. Овој му одговорил:

„Слушнав како оваа осамена птица болно пее и видов како бавно лета. Болно пееше бидеји го загубила своето јато, а бавно леташе бидејќи порано веќе била ранувана од стрела ‒ затоа и се плаши од лак. Со нејзиното срце владееле стравот и немирот. Беше доволно само да го слушне звукот на затегнатиот лак за да падне мртва.

***

Приказнава се наоѓа во книгата Приказни од државата Чан, од непознат писател.

За човек кој поради претходно лошо искуство се плаши од сè и постојано стрепи, или ако бил навредуван па не може да се ослободи од грдите впечатоци, Кинезите велат дека е тој „птица што се плаши дури и од лак“, или Чинг гонг чр њао.

*Држава Чу, држава Веј (403‒221 г. п. н. е.)

Слика: Сара Ландета

ОкоБоли главаВицФото