Со Злото не се формира влада

27.12.2016 00:57
Со Злото не се формира влада

ВМРО-ДПМНЕ велат дека тие ќе формираат влада, но јас мислам не, тие уште некое време можат да дрдорат за прашања за кои се во совршен аут, но како Злосторничко здружување од надмафиотски тип, влада нема да формираат.

Тие можат, евентуално, да остварат одредени технички параметри, но идејни, морални и политички и меѓународни капацитети секогаш ќе им недостасуваат.

Тоа, пак, за сите времиња напред, ќе делува страшно компромитантно за сите партии кои ќе се обидат или ќе бидат принудени да им се приближат.

Ако тоа се партии кои претендираат да ги артикулираат и претставуваат интересите на албанскиот народ во Македонија, се плашам дека тоа може, не по линија на политичките претензии, туку по линија на криминалот, да ја компромитира каузата на слободољубивоста, правдата и праведноста и принципите на чесноста на целиот народ.

Арифи, Села и другите се лажат дека можат со сите што ќе ги исполнат нивните барања. Многу е важно тоа исполнување да го нема печатот на Злосторничкото здружување. Кон идеалите мора да се оди со возвишена агенда и методологија, не преку уривање на сите морални и политички норми.

Да ја поедноставиме поентата: Ако мисијата на ВМРО-ДПМНЕ е уништување на Македонија и на македонската национална идеја и реализација, многу е важно албанскиот фактор да биде дистанциран од тоа злодело.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Били Даркарт