Манијафест

03.04.2017 01:28
Манијафест

Хахаха, кој би рекол дека меѓу толку реплики, контрареплики и други пишани форми на собраниското просерување, витезите на злото стигнале да напишат и Манифест! Сега имаме Патоказ и имаме Манифест. Нема да се изненадам ако Антонио, Илчодики и кој беше третиот, забравам му името, веќе работат на Декларација за спас на Македонија. Зошто не и на некаков Меморандум или Резолуција, можеби и со Платформа ќе треба да го оверат и направат трајното убиството на Македонија и да повратат макар парче од загубеното општествено и политичко внимание и влијание.

Фрлив еден поглед врз новата тоалетна хартија на ВМРО-ДПМНЕ и можам да ви кажам дека не е сосема бесмислена. Во тој документ убаво може да се види што е сè уништено во Македонија, односно дека злосторничкото здружување, според сопствените оценки, ја има вратено земјата во претконститутивната фаза на историското, државното и националното ништо. Преку остварување на други слични чирибу-чириба документи: Преродбата, Надоградената преродба, Манифестот, не денешниот, туку еден што беше објавен пред повеќе години. Се гледа уште и тоа дека тоа е направено како реализација на нивната историска антимакедонска мисија, во која, освен комплетната демонтажа на македонскиот национален и државотворен проект, во пакет оди и предлогот за нова конституција на масата како обессубјективизирана насобирнина на зомбирани поединци, обезличени луѓе, сведени на нивото на раја. Тоа е Манифестот, да им го начукам у манифестот!

Предлагам комплетно игнорирање.

ВМРО-ДПМНЕ не е повеќе политички фактор, особено не е фактор кој е повикан или од кој се очекува да нуди излез од катастрофата во која ја втурна државата, заедницата и луѓето, конкретните луѓе од овие простори.

Македонија никогаш не била без проблеми. Проблеми на слободата, на демократијата, на правото, на економијата, на социјалата, на културата. Но, никогаш немала егзистенцијални проблеми до појавата на ВМРО-ДПМНЕ! Нашиот манифест, под точката број еден, предвидува категорично и радикално ослободување од тоа зло. А злосторниците, разноразни пицопевци од типот на Антонио, Илчедики, Грујолики и другите вмролики ѕверови, ќе можат да пишуваат манифести во затворската библиотека во „Идризово“ или на таа во Хаг!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Били Даркарт