Мафијашките платеници не се народни пратеници!

21.04.2017 03:48
Мафијашките платеници не се народни пратеници!

Мафијата што ја киднапираше ВМРО-ДПМНЕ го уништи секој поим за државност.

Претседателот на државата го претворија во мивка за бришење на нивните криминали.

Уставот на Република Македонија го претворија во „палома“ хартија. Со Уставниот суд вршат политички блуд.

Врховниот суд го претворија во кумска институција, а останатите судови во фамилијарни дуќанчиња каде што „началникот“ си вработува швалерки.

Никој не го знае овој „технички“ премиер, затоа што мафијата има потреба никој да не го знае. Најбитно им е да е потполно непознат и потполно послушен. Министрите не се слуги на граѓаните, туку слуги на сложните братучеди кои и во петок се мрсат со дебелите провизии од наместените тендери.

Се фалат дека МВР го претвориле во МВРО, ама и таквото МВРО им служи само на бизнис интересите на братучедите и нивната фамилијарна економија. Да ја прислушкуваш пола нација за да им ги откриваш бизнис плановите на твоите конкуренти, со цел да им ги преземаш фирмите, е тоа го може само „началникот“. Ако не ја прифатиш понудата на „началникот“ за доброволно преземање на бизнисот, те чекаат секојдневни инспекции и „пиштење вриштење“ до уништување на фирмата.

Собранието го уништија во поим уште на 24.12.2012 кога ги истераа новинарите и пратениците за мафијашки да си го изгласаат фамилијарниот буџет.

Кога беа меѓународно принудени да одржат избори на кои нема да крадат гласови на ангро, се покажа дека мафијата нема мнозинска поддршка, и покрај нејзината огромна финансиска и друга моќ да подмитува, купува, уценува и заплашува гласачи.

Сега повторно мафијата го блокира собранието и оневозможува да се ослободат киднапираните државни институции.

Мафијашките платеници што не го вадат од уста „народот“ не се народни пратеници!

Во парламентарна демократија народот е демос и него го сочинуваат сите гласачи независно од нивната етничка, политичка, верска или друга припадност.

Мнозинството од демосот бара ослободување на државата од мафијата на братучедите и нивните вазали.

Токму затоа, должност на новото парламентарно мнозинство од 67 (или 69) пратеници е да го послушаат гласот на народот (демосот) и да ја ослободат македонската демократија од заложништвото на мафијата!

Час поскоро!

Стотиците политички затвореници, илјадниците прогонувани, десетиците илјади казнувани и отпуштени, стотиците илјади кои размислуваат за иселување зашто не можат да издржат ваков неживот во оваа мафијашка држава немаат време за чекање!

Не ве избравме во парламентот за да прави мајмуни од вас послушникот на мафијата кој ја киднапира фотелјата на претседавач.

Престанете да зборувате и почнете да дејствувате!

Македонија нема време за чекање!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слики: Били Даркарт