ДПМНЕ не сака мирно да ја предаде демократски изгубената власт

27.03.2017 00:20
ДПМНЕ не сака мирно да ја предаде демократски изгубената власт

Хипотетички, да се вратиме во 2006.

Замислете Б.Ц. да не му го дадеше мандатот на Груевски во јули затоа што немал 61 пратеник.

Замислете да му побараше 61 потпис од пратеници.

Груевски обезбедува 65 потписи од ДПА, НСДП, ДОМ и ПЕИ.

Замислете си, Б.Ц. пак не му го дава мандатот. Да речеме, затоа што собрал и леви и десни и зелени, затоа што нема мнозинство од сите гласачи, или пак затоа што не обезбедил Бадентерово мнозинство. Или затоа што лошо се облекувал (што е апсолутна вистина, нели?).

Замислете, СДСМ да извадеше народ на улици со аргументи: „Изборна измама! Гласачите на НСДП се измамени затоа што не знаеја дека гласаат всушност за ВМРО-ДПМНЕ! Гласачите на ВМРО-ДПМНЕ се измамени затоа што не знаеја дека гласаат за ДПА! И гласачите на ДОМ се измамени бидејќи не знаеја дека зелените ќе коалицираат со десничарите. Бараме нови избори, па да видиме дали гласачите на НСДП и ДОМ пак ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а тие на ВМРО-ДПМНЕ за ДПА.“

Звучи лудо, нели? Па, на цел свет ќе му беше јасно дека СДСМ не сака мирно да ја предаде демократски изгубената власт во 2006.

Е, токму такво лудило преживуваме сега.

На цел свет му е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ не сака мирно да ја предаде демократски изгубената власт.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Небојша Гелевски

ОкоБоли главаВицФото