Лидери, како грозно тоа звучи!

31.08.2016 11:19
Лидери, како грозно тоа звучи!

Лидерските средби се формати преку кои се обликува вечниот карактер на кризата.

Кога ќе се приберат дома тие креатури си ги сечат врвките на обувките затоа што не се во состојба да ги одврзат, забораваат да ги собујат чорапите пред да влезат под туш и ги молат сопругите да им ги менуваат каналите на телевизорите, но имаат некој чуден инстинкт кој им вели дека нивната мисија не е да ги решаваат проблемите на луѓето, туку да им создаваат проблеми за да имаат утре што да работат!

Како Груевски, да речеме, кој во предизборната кампања кажува за колку пати владата на неговата партија ги зголемила парите за лекови на рецепт без да каже колкави се напори таа иста влада вложи за да ја разболи на смрт нацијата, на која потоа гледа да ѝ фрла по некое апче и да ја држи во некоја форма на зависност.

Лидерските средби, сакам да кажам, можеби можат да решат нешто околу апчињата, но никогаш нема да ја решат болеста. Здравата нација е смрт за лидерите и за нивните сеанси, смрт за нивната смисла. Кризата е нивното џакузи, со миризливи течности, дом перињони и убави жени што ги користат за масажа на грбовите!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Александар Ковачевски