Непромислените акции ќе го седнат Груевски на преговарачка маса

07.04.2017 11:09
Непромислените акции ќе го седнат Груевски на преговарачка маса

Демократските политичари имаат должност и одговорност, пренесена од гласачите, да сторат сè што е можно за трансферот од режим кон демократија да помине без жртви или ако сакате, без нови жртви. Македонија веќе има жртви на овој режим, не ни требаат дополнителни.

Тие се за војна, тие сакаат конфликт и жртви. Ние сме против сето тоа и не треба да дозволиме Груевски да добие терен за жртви преку кои ќе стигне на преговарачка маса. Преговорите за Груевски се одамна завршени, му беше дадена шанса, дури и поголема од тоа што заслужува.

Сега е време да ја предаде власта, на сопствена сметка, не на сметка на граѓаните.

Оттука, сите инсистирања за брзи и непромислени акции во овој тензичен контекст кои водат кон конфликт и насилство само помагаат Груевски да успее да седне на преговарачката маса. Исто така, сите идеи за лидерски средби за наводно декларирање за заштита на унитарноста на Македонија се всушност иницијативи за заштита на криминалот. Ако некој толку е загрижен за унитарноста, нека ја прочита јавно објавената програма на новата Влада - унитарноста е декларирана во нејзината повелба. ДУИ јавно декларираат дека ја сакаат Македонија цела и унитарна и не ја одрекуваат програмата на новата Влада.

Во целкокупниот амбиент, треба да се има предвид и дека граѓанскиот сектор е оневозможен јасно и интензивно да артикулира ставови околу политичката криза, зашто еден сериозен дел од него веќе два месеци е под систематски притисок од Управата за јавни приходи и од финансиската полиција. Контролите кај 22те нападнати организации се засилени, оркестрирани и секојдневни, со што целосно е нарушено нормалното функционирање на организациите, а со тоа и можноста тие да придонесат кон разрешување на кризата. Последново мора да се има во предвид, во случај да се поставува прашањето „каде се сега невладините?“, иако се разбира, овие 22 не се единствените невладини во државава.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња