Најчудни наслови на книги 2

09.07.2010 15:32
Најчудни наслови на книги

Diagram е единствена, а можеби и единствено добра награда поради тоа што ни селекторите и судиите за книгите воопшто не мораат да ги прочитаат истите. Всушност, од нив и се бара да не ги читаат за да се отстрани секоја можност дека содржината ќе влијае на мислењето дека насловот и не е толку чуден.

Треба да се остави фантазијата да работи. Се прашуваме, зошто на авторот на „Дупчење на големи и навистина огромни дупки“ му требале толку страници да опише една таква дејност?

Дали нивото на интересот на месното население го оправдува посветувањето на цела една книга за некоја спецификација? Барем во еден случај овој обичај да се посвети цела книга на едно единствено прашање се чини прилично непромислено.

Дали би сакале капетанот на вашиот романтичен брод, откако ќе ги здогледа на хоризонтот заканувачките контури на некој огромен траект, да посегне по својот примерок од книгата „Како да се избегнат навистина големите бродови“?

Понекогаш чудните наслови можат да откријат нови светови. Земете го за пример насловот „Извештај од Осумнаесеттиот меѓународен симпозиум за морските треви“. Кој без него би знаел дека од 1973 г. научниците редовно се среќаваат за да расправаат за алармантните појави во светот на морските треви (следниот симпозиум е закажан за годинава во Мексико). Се прашувам дали и во другите научни дисциплини владее ваква ревносност. Дали книгата „Извештај од Шестиот меѓународен конгрес за заморот“ вродила со некое продолжение или учесниците во меѓувреме се измориле?

Освојувањето на Diagram не му носи директна парична награда на авторот; наместо тоа, оној кој прв го воочил идниот победник добива шише не толку лошо вино (обично црно). Сепак, повеќето автори се развеселени од почеста и медиумското внимание кое следи. Таквиот публицитет може целосно да го преобрази статусот на некој наслов, вадејќи го од медиумскиот мрак право во книжарниците. Победникот за 2006 г. „Напуштените колички за купување во источна Северна Америка: водич за идентификација на теренот“ беше изложен во книжарниците ширум светот.

Насловите како овој гореспоменатиот често предизвикуваат потсмев. Но чудноста е во очите на набљудувачот. Благодарение на интернет страницата Амазон откриваме дека на некои читатели книгата „Напуштените колички за купување во источна Северна Америка: водич за идентификација на теренот“ навистина им се допаднала: некој си С. Фрагомен ја фали како „урнебесно депресивна книга“, а А. Џ. Фрајс забележува дека „авторскиот јазик, во спој со неговите прекрасни фотографии, на количките им влева значење на индивидуална посебност“.

Наградата за 2006 замина кај издавачот Џулијан Монтаг. Како што вели Хорас Бент, колумнистот на Bookseller: „Во традицијата на досегашните награди сè уште не сум прочитал некоја книга на Монтаг. Но ме поттикна едниот осврт на книгата од Amazon.com кој вели дека јазикот на Монтаг, во спој со неговите фотографии, им дава значење на индивидуално посебност на скромните колички за купување“.

Со 1886 освоени гласови од вкупно 5500, колку што биле пријавени на интернет страницата на Bookseller, книгата „Напуштените колички...“ го победила фаворитот „Колку биле зелени нацистите“. Втората награда заминала кај „Тетовирани планински жени и кутии за лажици од Дагестан“, а третата кај „Подобро никогаш да не се случеше: погубноста на настанувањето“.

Во натреварувањето за првите три места биле и книгите „Слаткиот сладолед на Ди Маскио: Ди Маскио од Ковентри, угледна компанија за сладолед со интересен и разновиден возен парк на комбиња за сладоледи“, како и „Извештај од Осумнаесеттиот меѓународен симпозиум за морските треви“. Шишето со вино не го добива победникот, туку оној што прв го забележал.

Победникот за најчуден наслов на книга за 2005 г. беше американската книга „Луѓе кои не знаат дела се мртви: како се закачуваат за случајните набљудувачи и што да се преземе“ на авторот Гери Хил која наводно се продала во 15 000 примероци. Втропласиран бил насловот „Управување со залихите од рогови од носорози: минимални стандарди и најдобри примери од источна и јужна Африка“ на Сајмон Мајлџ, а во натреварувањето била вклучена и книгата „Како да тропате: практичен прирачник“.

Австралиската книга стрипови „Да се живее со лудите задници“ освои Дијаграм за 2002. Оваа книга претставува духовит осврт на апсурдноста на современата култура од перото на новинарката и стрип-цртач Kaz Cooke, а се натпреваруваше со силна конкуренција. Второто место го освои насловот „Без каење: учебник за сопствениците на ампутирани пци“, а третата „Жените и интегралното управување со штетниците“.

Во потесниот избор се најдоа насловите „После оргиите: кон политиката на исцрпување“, потоа „Лубеници за огнениот одгледувач“, како и „Секс за шест нозе: еротскиот живот на инсектите“.

Победничкиот наслов од 2001 г. се издвои со целосниот недостаток на секаква двосмисленост – станува збор за книгата „Услугите на Батервортс во корпоративното убиство поради небрежност“, еден голем правнички трактат кој дава совети и анализи од областа на одговорноста на работодавачот во случај на смрт на работното место.

Следи поширока листа на конкурентите за наградата од 2002 г.:

„Лубеници за огнениот одгледувач“;

„Испуштање гасови во одење“;

„Црвенокосата Ирка на мокрите беспаќа“;

„Сопствена лоботомија: отворете го умот за сериозно креативно размислување“;

„После оргиите: кон политиката на исцрпување“;

„Форензичарско испитување на навлаките“;

„Папагали од втора рака: исцрпен прирачник за сопствениците на домашните миленичиња“;

„Без каење: учебник за сопствениците на ампутирани пци“;

„Жените и интегралното управување со штетниците“;

„Префинети мртовечки сандаци по сопствена мерка“;

„Уметноста на цедење на вреќичките со чај преку намотување“;

„Конструкцијата на лесниот сендвич“;

„Уметноста и вештините на пренесување на цвеќето на платно: без бои, без четки, само со чекан!“.

Извор: The Guardian

ОкоБоли главаВицФото