Ако сакате да го насмеете Господ, кажете му ги вашите планови

12.03.2010 11:50
woody-alen.jpg

Оскар Вајлд беше брилијантен афористичар чија оригиналност и цитати за животот и љубовта се неверојатни. Вуди Ален не е нималку полош – тој е само малку попесимистичен, речиси нихилистичен.

Зедов скратени часови за брзо читање на „Војна и мир“ кои траеја дваесет минути. Во книгата се зборува за Русија.

Во Калифорнија, луѓето не го исфрлаат ѓубрето – тие го претвораат во ТВ серии.

Бев исфрлен од колеџ поради препишување на испитот по метафизика: ме фатија кога погледнав во душата на друго момче.

Ако сакате да го насмеете Господ, кажете му ги вашите планови.

Не сум борец, рефлексите ми се лоши. Еднаш ме прегази кола зашто ме турнаа двајца типови.

Дали сте забележале дека добрите луѓе спијат поскопојно, но лошите повеќе се забавуваат додека се будни?

94.5% од сите статистики се измислени.

Сексот е како играње бриџ: ако немаш добар партнер, подобро да имаш добра рака.

Често велам дека единственото нешто кое стои меѓу мене и величието сум јас.

Поголемиот дел од времето немам некоја посебна забава. Остатокот од времето немам никаква забава.

Животот не ја имитира уметноста, тој ја имитира лошата телевизија.

Човекот се состои од два дела: неговиот ум и неговото тело, само што неговото тело се забавува повеќе.

Единствено во животот се каам поради тоа што не сум некој друг.

Прочитајте и: Цитати од Анаис Нин

Извор: obviousmag.org

ОкоБоли главаВицФото