Афоризми од Марсел Пруст

21.07.2011 10:53
Марсел Пруст

Времето, кое ги менува луѓето, не ја менува сликата која ја задржуваме за нив.

Времето минува и, лека-полека, сето она за кое сме искажале невистини станува вистина.

Љубовта е взаемно измачување.

Никаква преселба на Јужниот пол ниту заминувањето на врвот Мон Блан не нè одвојува толку многу од другите колку скриените пороци од кои не можеме да се откажеме.

Да им бидеме благодарни на луѓето кои нè усреќуваат. Тие се вешти градинари кои прават нашата душа да расцути.

На разделбата оној кој воопшто не љуби секогаш ги изговара нежните зборови.

Ако повременото мечтаење може да биде опасно, лекот не е во тоа да престанеме да мечтаеме туку да мечтаеме постојано.

Сите големи нешта во светот ги постигнале невротичари. Тие ги создале нашите вери и ремек-дела.

Сите наши конечни одлуки се донесени во состојба на свест која не трае долго.

Жената која ја љубиме ретко ги исполнува сите наши потреби, па затоа ја изневеруваме со онаа која не ја љубиме.

Марсел Пруст (1871-1922) е француски интелектуалец, романописец, есеист и критичар, автор на „Во потрага по загубеното време“, монументално прозно дело кое го одбележа дваесеттиот век и кое изврши огромно влијание врз многу книжевници.

ОкоБоли главаВицФото