Специјална проекција на победничкиот филм на 7. Филозофски Филмски Фестивал

31.05.2017 18:08
Специјална проекција на победничкиот филм на 7. Филозофски Филмски Фестивал

На 5 јуни (понеделник) во Кинотеката на Македонија со почеток од 20.00 часот ќе се одржи специјална проекција на двојниот победник на 7. Филозофски Филмски Фестивал, филмот „Сè за луѓето“ (All About People) на грузискиот режисер Гиорги Абашишвили (Giorgi Abashishvili).

Оваа грузиско-германска копродукција ги освои двете награди „Златен був“ за најдобар долгометражен филм на ФФФ 2017 според жирито и според публиката.

По проекцијата ќе следува дискусија со режисерот и сценаристот на филмот кои ќе бидат наши гости во Скопје, како и мал пригоден коктел во фоајето на Кинотеката на Македонија.