Музејот на Македонија во катастрофална состојба

15.06.2017 01:22
Музејот на Македонија во катастрофална состојба

Музејот на Македонија е во катастрофална состојба, по невремето што го зафати Скопје. Плафоните и ѕидовите со големи дамки од влага, голи жици од електричната инсталација висат во канцелариите, водени и оштетени подови, скршена музејска опрема, сето ова се гледа на фоографиите што ги објави министерот за култура Роберт Алаѓозовски на својот Фејсбук профил.

„Од увидот на поплавата во Музејот на Македонија: ужасна запуштеност на институцијата каде што се чува највредното наследство“, пишува Алаѓозовски на својот Фејсбук профил.

Тој по невремето, вчера вечер во Скопје ги посетил Музејот на Македонија и Чифте амам каде градот  ги искршил стаклата на куполите во Националната галерија, а водата навлегла во објектот, но за среќа е направена само материјална штета на инвентарот, а не и на вредните уметнички дела.

Во овие институции се чуваат исклучително вредни предмети и уметнички дела и поради опасност од ново невреме засилени се дежурствата во објектите.

ОкоБоли главаВицФото