Различноста може да биде резултат, а не цел!

28.06.2017 11:52
Различноста може да биде резултат, а не цел!

Претходната власт беше во рацете на фокусирани идиоти. Ако новата власт или општествените сили околу неа сакаат да покажат дека не се исти со претходниците, доволно е да не бидат фокусирани!

Сакам да кажам дека мантрата за различноста можеме да ја банализираме и естрадизираме до бескрај, можеме, дури, да ја вооружиме со суицидни отрови, еве, да кажеме новите веќе се разликуваат од старите по тоа што првите не им ги менуваат директорите на вторите, никого не апсат, се уште никој не е ниту приведен итн. и пак да не одговориме на надежите и страста на луѓето врз чиј грб во Македонија беше истоварен бродот на промените.

Новата власт не е избрана за да биде различна, особено не за да ја смени острината и строгоста на вмроните со неограничената чувствителност и беневолентност на својата мисија, различноста може да биде резултат на делувањето, а не цел, туку да ги решава проблемите и да го подобрува животот на луѓето, не се избрани за да ја воспостават општествената бонаца, алхемиски политички и општествен мир, туку во мочуриштето да го фрлат каменот на новите вредности и низ конфлитност да ја кренат ситуацијата на повисоко матетијално и духовно ниво. Во таа смисла, во некои работи новите треба да бидат исти со старите, има работи што од вмроните можат и да се научат и применат, се разбира, со различен предзнак.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Сликa: Свирачиња