1027 hPa
75 %
5 °C
Скопје - Нед, 14.12.2025 13:59

Краткиот анимиран филм „Девојката што паѓа“ во режија на Владимир Лукаш е ја освои наградата за најдобар анимиран филм на Поградец филм фуд фестивал во Албанија.
Фестивалот се одржува од 2011 година, со цел да ги собере режисерите и филмските работници од Балканот за да ги споделат своите искуства.
Филмот е снимен во продукција на Флип Бук, продуцент е Жарко Иванов, аниматори се Владимир Лукаш и Жарко Иванов, а сценариото е на Иван Шопов.
„Девојката што паѓа“ е прикажуван на повеќе од дваесет фестивали ширум светот, меѓународната премиера ја имаше на Сараево филм фестивал, а ова е втора награда која ја добива, по онаа на фестивалот Анимакс во Скопје.
Филмот го поддржа Агенцијата за филм на Република Македонија.

