Дроновите наскоро би можеле да садат дрвја

11.07.2017 11:51
Дроновите наскоро би можеле да садат дрвја

Дроновите во голема мера го менуваат светот каков што го познававме, а наскоро би можеле да извршуваат голем број работи кои инаку се во доменот на човечкото дејствување.

Една од тие функции е садењето дрвја на огромните подрачја кои се останати без шумски богатства, посебно на подрачјето на двата американски континенти.

Група научници од организацијата „Droneseed“ од Сиетл одлучија да ја искористат технологијата, која донекаде ја уништи планетата, за спасување на зелените богатства кои се кријат ширум светот, а се загрозени од човечкото однесување.

Токму дроновите се идеални за садење нови дрвја на понекогаш непристапните пространства, а технологијата сепак би можела да донесе пресврт во развојот на бројни екосистеми.

Извор: www.droneseed.co

ОкоБоли главаВицФото