1010 hPa
43 %

20 °C
Скопје - Нед, 20.04.2025 19:59
Александар Спасеновски, член на Комисијата против дискриминација вели дека во комисијата имало шест доктори на науки во одбрана на интегритетот на некои од нив.
Како докторската титула да е лек за лечење на дискриминатори:
Тони Науновски, ДОКТОР: „зошто моите (нашите) пари како даночен обврзник да одат кај вработените во некој ваков институт … некој си (со наши македонски пари платен!) „институт за културно и духовно наследство на Албанците“(?!).. кој нема ама баш никаква врска со мене и со мојот народ, мојата држава? Тоа културно и духовно наследство нека си го изучуваат во Албанија, ова е Македонија! ... се прашувате зошто РМ е сиромашна, зошто народот е сиромашен?! Ете, затоа, поради вакви непотребни институции за кои секој месец се одлеваат којзнае колку наши тешко заработени пари!...“
Александар Даштевски, ДОКТОР: „Историјата и сценаријата за распаѓање на Македонија се повторуват од 2001 кога на овие простори, Сорос и неговите платеници на МКГ предводени од Едвард Џозеф хараа и ја разнебитуваа Македонија со познатите антимакедонски кампањи потпомогнати од Соросовата филијала во Скопје, на чело со Милчин, Фрчкоски и истите мрачни ликови кои во изминатите 25 години ѝ нанесуваа само штети на Македонија отколку позитивни вредности.“
Валентина Божиновска, ДОКТОР: „се закани претседателката на Комисијата за односи со верските заедници, која треба да се грижи за еднаквост, толеранција и помирување, ќе се случи „Ноќ на долгите ножеви“.
Извор: Фејсбук профилот на авторот