сем се присетува на свадбата во кана

13.11.2017 13:53

на сем му е здодевно
ги пребројува патниците во автобусот
му текнува на дванаесетмината апостоли
сфаќа дека жените биле изоставени
и ги враќа кајшто им е местото
дваесет и четири се сега
си спомнува за свадбата во кана
се приближува кон рајот
еве ја таа необработена земја
кајшто тревата не се коси
кајшто косата не се стриже
кајшто мишките не се бричат
еве ја колата прекриена со черга
и песот испружен на грб
тој песји ангел
што сонува луѓе
маж и жена
врз патецот замазнет со чешелот на бога
се шетаат две среќни вошки
и коњите со нивните прапорци
и задолженија еве ги
под единственото дрво во овој град
сем наеднаш ги затвора очите
“збриши ги боже од пред автобусот
не оставај ги да ја преминат улицата”

Превод: Лидија Димковска

Нора Југа, романска писателка, родена 1931 година во Букурешт, завршила германистика на Филолошкиот факултет. Повеќе години предавала германски јазик во Сибиу, подоцна била библиотекарка и лекторка. Од 1986 година живее како слободна авторка и преведувачка во Букурешт. Објавила бројни збирки поезија и повеќе романи. Позната е и како врвна преведувачка од германски. За своето дело е повеќекратно наградена од Здружението на писателите на Романија.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото