Во отсуство на отецот (или против поезијата)

15.11.2017 10:42

Во една августовска ноќ ме праша:
како тоа пишуваш толку безначајна поезија,
а живееш толку величествено?
му одговорив: ова мрачно лудило што го одгледувам со години
не значи ама баш ништо.
живеам во истиот дом со самотијата претворена во суштество
низ нејзините вени долги како пустината Сахара
тече што друго ако не крв.
се борам со неа како со бик.
да уживаш во таков дом, со очи покриени
со железна рака, навистина нема како (и се насмеав).

и си ја навлеков кутрата безначајна поезија како панцир-кошула.
како во воен експеримент против пишувањето пркосев со празна глава.

едно топло лето е при крај.
мирисот на зрелите овошки ме опијанува, ме занесува
а мојот љубен свирејќи на труба, трча
МЕЃУ ОГНЕНИТЕ СТОЛБОВИ НА СМРТТА.

Превод: Лидија Димковска

Анџела Маринеску Марковиќ (1941), романска поетеса. Студирала медицина во Клуж, а дипломирала Психологија во Букурешт.
Последниве години е повлечена од јавниот живот и се занимава исклучиво со пишување.
Објавила неколико десетици книги.
Добила повеќе книжевни награди, а критиката мошне високо ја оценува нејзината досегашна книжевна работа.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото