Систем за потребите на „вистинските“ мажи

15.11.2017 12:18
Систем за потребите на „вистинските“ мажи

И покрај тоа што Косово ја транспонираше европската легислатива за спречување на насилството над жените, спроведувањето на тие одредби не фукционира во практиката, стои во истражувањето за оваа јавна политика која ја спроведе Косовската женска мрежа. Истиот документ го поставува и прашањето дали Косово воопшто ги спроведува и своите национални стандарди во овие области, зашто не се пронајдени податоци за тоа, пишува БИРН. На пример, иако законите бараат иста плата за иста работа, независно од полот, непознато е дали ова начело се спроведува во одредена мера. Понатаму, на жените главно им се нудат договори за работа на три до шест месеци, а доколку во тој период забременат, работното место не им е загарантирано.

Системскиот патријархат, кој повеќе наликува на мизогинија отколку само на еден нејзин ослабен дел, е голем проблем, а двојните стандарди, и покрај полово егалитарното наследство на југословенското законодавство, постојат секаде: од образованието, преку работното место, до семејните односи. Можеби највидлив пример се семејното насилство и затворските казни кои се еднакви за жените кои ги убиле своите сопружници во самоодбрана по повеќе години континуирано злоставување, и за мажите кои се виновни за убиство од страст. Притоа, на судството често му е полесно да најде олеснителни околности за мажите отколку за жените, па дури и тогаш кога се работи за мајки чии деца потоа ќе завршат во системот на јавна социјална помош.

Граѓанските иницијативи како последица на неспособноста на државата

За решавање на овие проблеми не помага ни правниот вакуум простор во европски контекст, а во кој се наоѓа Косово, па на пример Косоварите не можат да се жалат во Европскиот суд за човекови права во Стразбур заради меѓународната непризнаеност на самостојноста на Косово. И активистите и државните агенции предупредуваат дека Косово нема капацитети за самостојно решавање на овие проблеми. Двојните стандарди се експлицитно видливи во косовското општество. Така, од 2010 година косовскиот Закон за помилување резултираше со предвремено пуштање на слобода на 86 мажи и пет жени осудени за различни казнени дела.

Како што пишува БИРН, постојат повеќе иницијативи кои имаат за цел зајакнување на правата на жените на Косово. Во недостаток на други потребни механизми како социјалната помош, правосудната непристрасност и општествената и семејна солидарност, ваквите граѓански иницијативи изгледаат како последно засолниште за злоставуваните жени. Програмата за полова еднаквост е започната во 2006 година, а нејзина цел е интеграција на половата рамноправност во сите јавни политики. Постои дури и национален акциски план за сузбивање на семејното насилство донесен 2016 година, а вклучува механизми за спречување на злоставувањето, пружање заштита и реинтеграција на жртвите во општеството. Сепак, овие политики се само мртво слово на хартија, во општеството не е направено доволно за да се минимизираат конзервативните практики и животот на жените да се направи посигурен. Чест е ставот дека насилството во семејството е приватна семејна работа која не треба да загрижува никого надвор од него: агенцијата за полова рамноправност проценува дека дури 90 проценти од семејното насилство никогаш не се пријавува. Во 2016 година косовската полиција добила 870 пријави за случаи на семејно насилство, главно против жени, што резултирало со 243 апсења. Истражувањето од 2015 година што го спроведе Косовската женска мрежа, покажа дека 68 проценти од жените некогаш во животот биле изложени на семејно насилство. Повеќе од 20 проценти од анкетираните мажи и жени одговориле дека во некои ситуации е прифатливо сопругот да ја претепа својата жена.

Фотографии: Арменд Нимани

Извор: http://www.bilten.org/

ОкоБоли главаВицФото