Ниеден маж не те одбрани

02.01.2018 19:35

Мажите кои те среќаваат слабеат.
Ниеден маж не те одбрани, а оние кои се обидоа
крадешкум ги расече со сабјата во појасот.
Ниеден маж не те одбрани, а оние кои се обидоа
да ти ги уловат со јазикот подмолните чапји на градите
заборавија дека фалусот со истечен рок мисли дека      женските гради
зрачат испрекината светлина.
Ниеден маж не те одбрани, а оние кои
се вдадоа настрвени небаре слободни тркачи
од колк на колк ти ги врати назад.
После препреки граници лекови ги врати назад
во изабената ковачница низ која поминале и порано.
Ниеден маж не те одбрани, не сфати од каде доаѓа
твојот лежерен чекор што исфрла толку тага
врз масното теме на гонителите.
Ниеден маж не те одбрани, а оние кои се обидоа
со навлечена униформа под кожата, ти побараа
да ги примиш во своето невино тело. И твоето тело
требаше да ги облече како што облекува, без да знае,
кревкото јаболко црви. Ниеден маж не те одбрани,
а оние кои се обидоа неочекувано се скрија
во соблекувалната на пливачките.
Се распрснаа во волшебни спирали, во повторени обиди
на левитација. Ниеден маж не те одбрани,
а оние кои се обидоа под светлината на твојот камшик,
на својот парализиран говор, газеа како слон врз сурла
и се преметнуваа во чаршафи. Ти, сама,
го креваше челото и гледаше кон зајдисонцето, во небото од крвни садови.
Ниеден маж не те одбрани. Небаре некои од нив
беа момченца забавени по писоари.
А другите, пак, стари морски волци што чекаат
виорите, ветренцата и сирените да им го запалат
огнот на Свети Елм, како во дамнина,
на врвот на јарболите.
Ниеден маж не те одбрани, а на оние кои несвесно
те гледаа низ маглата на ејакулациската наклоност
им рече јасно и гласно дека ниеден маж
не те одбрани.
Дека сите се испружија врз црната постела на смислата,
ослепени и обрежани божем пред очите на отстранетите ќерки на Африка.
И ниеден маж не те одбрани, а оние кои се обидоа
те преколнуваа ноќе и плачеа долго, на глас,
врз лакот на твојата карлица. Врз нејзиниот розов состав од хризоберил.
А ти им велеше дека сега, во англискиот парк
зад домот за стари, ќерката на градинарот го откопува со своите гради
градниот кош на својот сакан. Им рече
дека ниеден маж не те одбрани.
И оттогаш ниеден маж не те одбрани
и не се ни обиде. Зашто ти си го чуваш евнухот
скриен под кожата, вагиналната коцка под притисок,
а мажите кои те среќаваат слабеат.

Превод: Лидија Димковска


Линда Марија Барос, член на Mallarmé Академијата и добитник на престижната “Apollinaire” награда, денес ја брани честа и доследноста на наградата како главен секретар на стручното жири. Како авторка што твори на француски јазик, родена во Букурешт во 1981 г., Линда Марија Барош има објавено шест стихозбирки, вклучувајќи ја Книгата на знаци и сенки (Le Livre de signes et d’ombres, награда за поетска професија, 2004), Куќата од жилети (La Maison en lames de rasoir, Apollinaire признание, 2006, репечат 2008), Автопат А4 и други песни (L’Autoroute A4 et autres poèmes, 2009) и Костурот пливач- Метрополитански легенди (The Boned Swimmer Metropolitan Legends, 2015).
Нејзините песни се преведени и објавени во 28 земји. Има напишано и две драми како и две книжевни студии а превела и повеќе од 30 книги. Линда Марија Барош докторирала компаративна книжевност од Универзитетот во Сорбона. Во Париз, каде и живее, работи како генерален секретар на Факултетот за Компаративна Книжевност, директор е на фестивалот Француско-Англиски фестивал на поезијата и главен уредник е на интернационалното поетско и визуел-арт списание за критики Ла Традуктиере (La Traductière).

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото