Британски научници развија игра за борба против лажни вести

27.02.2018 12:41
Британски научници развија игра за борба против лажни вести

На интернет ширете теории на заговор, посрамотете ги вашите противници или преземете го нивниот идентитет – ова се некои од стратегиите на едукативната игра за борба против лажните вести презентирани од научниците на Универзитетот во Кембриџ.

Компјутерската игра е достапна на fakenewsgame.org и ги поканува играчите да се создадат фиктивен дигитален медиум преку кој ќе се шират лажни информации, ќе стекнуваат што е можно повеќе публика, а мора да се обидат да задржат барем минимално ниво на веродостојност.

За да се постигне целта на сеење лажни вести, играчите користат стратегии како што се отворање на голем број лажни профили на социјалните мрежи, „фотошоп" фотографии, а проверена стратегија е да се шират текстови со сомнителна содржина.

„За да се ставите во кожата на луѓето кои се обидуваат да ве излажат, треба да ја изострите способноста да ги забележите и да се спротивставите на нивните техники“, вели Сандер Ван Дел Линден, директор на лабораторијата на Универзитетот во Кембриџ, кој работи на „теоријата на инокулација."
Сакаме да помогнеме во развивањето на „менталните антитела", да се вакцинираме против брзото ширење на лажни вести, вели Ван дел Линден.

Играта била тестирана на стотина средношколци во Холандија. Откако овие адолесценти се сретнале со техниките за дезинформација, научиле како помалку да им веруваат на лажните вести.
Научниците проценуваат дека резултатот од играта е „ограничувачки, но ветувачки".
Тие се надеваат дека ќе можат да ја подобрат ефикасноста на играта со собирање и користење информации за нејзината употреба и усовршување во спречувањето на дезинформациите.

Авторите сега се обидуваат да развијат игра за борба против радикализација на Интернет. Тие веруваат дека радикализацијата се изведува со „идентични техники на манипулација: на пример, тие предизвикуваат силни емоции врз основа на лажни информации".Тие, исто така, сакаат да ја преведат играта на други јазици за да бидат достапни во земји како „Украина, каде дезинформациите имаат многу штетна улога".

Извор: Telegraph