Демографска катастрофа во Имотскиот регион во Хрватска - заминуваат цели семејства

06.03.2018 01:16
Демографска катастрофа во Имотскиот регион во Хрватска - заминуваат цели семејства

Во регионот Имотски во Хрватска повторно владее иселеничка епидемија: според податоците на Државниот завод за статистика, од Имотска краина, градовите и осумте општини: Цисте, Ловреќ, Локвичиќ, Пролошац, Загвозда, Подбаље, Змијавац и Руновиќ од 2011 до 2016 година се отселиле 5968 жители, а до 2018 година, според неслужбените податоци има уште околу 2000 иселени.

Кога ќе се земе предвид дека според последниот попис од 2011 година на ова подрачје живееле околу 32 илјади луѓе, се гледа дека станува збор за речиси четвртина од населението, особено помлади. Ваков економски егзодус од библиски размери може да се спореди со оној од седумдесеттите години кога за парче леб (некои си заминуваа и од политички причини) овој крај го напуштиле десетици илјади жители од 47 илјади колку што имало до 1971 година.

Не заминуваат сите од Имотски само во богатите капиталистички земји, многу заминуваат во поголемите градови во Хрватска каде полесно се доаѓа до работно место или на факултетите во Загреб или Сплит.

Сепак, за разлика од претходните економски мигранти кои ги оставале дома сопругата и децата со мисла дека ќе се вратат, денешните мигранти очигледно немаат намера да се вратат. Си заминуваат цели семејства, трајно напуштајќи го коренот и создавајќи живот на некое друго место. Се навраќаат на старото огниште можеби два пати годишно, а нивните деца и внуци веројатно ни толку...

Причината е секогаш иста

Не е тешко да се дијагностицираат причините за иселувањето, одговорот е секогаш ист: нема работа. Многумина од оние што заминуваат велат дека би останале кога би нашле каква било работа. Но, во имотскиот крај едноставно ја нема. Не им е лесно, но сепак признаваат дека во минатото сепак имало работа за шест, седум илјади луѓе и тоа сигурна работа, па со земјоделството како дополнителна дејност можело добро да се живее. Ниту оние во Германија не ги дочека директорско место и тие преживувале трагични денови на бепарица и јад додека да се снајдат, па многумина и останувале.

А по деведесеттите години големите погони пропаѓаа еден по еден кои претходно се одржуваа во живот: „Тримот“, „Водопривреда“, „Имстрој“, „Агрокока“, „Напредак“, „Водоградња“...Тоа беше голем удар за малата средина од кој никогаш нема да заздрави, ниту фабриките толку брзо ќе проработат, поверојатно дека никогаш нема повторно да работат. Некои се надеваат на туризмот, но додека тој не застане на нозе за да овозможи добар живот на позначајен број жители ќе помине многу време.

Демографите предупредуват дека секоја година Хрватска останува без 90 илјади луѓе. Од нив околу 18 илјади заминуваат „по природен пат“, а сите останати во потрага по работа. Ситуацијата во Имотски може да се спореди со некогаш најбогатиот дел на земјоделска Хрватска, крајот во кој некогаш било незамисливо да се напушти заради подобар живот – источна Славонија. Само во Вуковарско-сремската управа во 2016 година биле пријавени 2425 привремени заминувања надвор од државата, а бројките се уште поголеми за 2017 и 2018 година.

Овојпат коментар не побаравме од демографите, ги наведовме нивните податоци и бројки, за коментар го прашавме имотскиот свештеник фра Кристијан Стипановиќ од манастирот „Св. Фране“, кој е во секојдневен контакт со жителите на овој крај.

„Не, ситуацијата не е сјајна, невозможно е да не се забележи заминувањето на толкав број млади луѓе, повеќето заминуваат од економски причини. Ние дејствуваме каритативно, организиравме помош за оние на кои им е потребна, но јасно е дека младите способни луѓе сакаат самите да го заработат својот леб, а тоа за жал, е најлесно да се оствари као одат во побогатите држави. Уверен сум дека не би заминувале толку кога би можеле да се вработат дома и затоа е страшен овој егзодус, всушност проблем што треба да го решаваат политичарите и стопанствениците. Ние сме само набљудувачи на овој ужас, кои до некаде може да ги олесниме страдањата на народот, но тешко дека ќе го сопреме огромниот бран на заминувања“, вели фра Кристијан. 

Извор: Slobodna Dalmacija

 

ОкоБоли главаВицФото