9 изведувачи кои треба да ги чуете во 2018 (1)

07.03.2018 15:23
9 изведувачи кои треба да ги чуете во 2018 (1)

Многу бендови и пејачи го избраа јануари како совршен месец за да ги најават своите претстојни проекти, а сега веќе добиваме слика за големите изданија годинава, како и за изданијата од нови надежни артисти. Чујте девет артисти во подем од кои можете да очекувате нешто ново годинава.

Фиби Бриџерс (Phoebe Bridgers)

Фиби Бриџерс е 23-годишна американска инди-фолк изведувачка од Лос Анџелес која го издаде својот дебитантски албум Stranger in the Alps во септември 2017. Меланхоличната, интимна мека музика која Бриџерс ја споделува со публиката во овој прв албум, ја создавала со години, а првото слушање ќе ве остави носталгични, со силен впечаток дека штотуку сте биле сопатник во искреното емоционално патување на пејачката.

Lo Moon

Само една песна насловена ‘Loveless’ беше потребна за мистериозниот бенд од Лос Анџелес Lo Moon значително да се прослави на интернет. Оваа 7-минутна дрим-поп нумера ќе ве маѓепса и може да ве остави желни за повеќе. Дебитантскиот албум, којо фановите го чекаа некое време, беше издаден на 23. февруари.

Џејкоб Бенкс (Jacob Banks)

Џејкоб Бенкс е британски изведувач роден во Нигерија, чија музика црпи влијание од иновативната мешавина на електро-соул, R&B и хип-хоп. Дебитантскиот албум во три дела насловен The Village излегува годинава.

Superorganism

Superorganism се извонреден меѓународен инди-поп бенд со членови од Англија, Јапонија, Јужна Кореја, Австралија и Нов Зеланд. Долго очекуваниот дебитантски албум се издаде на 2. март.

Vagabon

Vagabon е Њујоркшка инди изведувачка од Камерун која свири на повеќе инструменти, а чија рок музика е закотвена во денешниот свет. Чујте го нејзиниот дебитантски албум Infinite Worlds кој беше издаден лани.

Mt. Joy

Mt. Joy е инди-фолк бенд од Филаделфија. Гитаристот Сем Купер живеел близу две планини, Монт Мизери (мизерија) и Монт Џој (радост) во Вали Форџ, Пенсилванија. Драго ни е што го именувале бендот по втората планина! Дебитантскиот албум на Mt. Joy излезе на 2. март.

Yaeji

Yaeji им го привлече вниманието на сите со нејзината уникатна мешавина на дип-хаус и хип-хоп. Артистката од Њујорк/Сеул го издаде EP2 изминатиот ноември, кои ги содржи хипнотичните ‘Raingurl’ и ‘Drink I’m Sippin On’.

Jadu Heart

Jadu Heart, исто познати како Дина и Фаро, се маскирано дуо од Лондон. Заедно создаваат топол, филмски, етеричен звук со електронски, алт-рок и R&B влијанија.

MUNA

MUNA е американски електронски дарк-поп бенд од Лос Анџелес кои се здобија со пофалби и од критичарите и од јавноста по издавањето на нивниот прв албум About U, изминатата година. Како што бендот се изјасни на твитер, синглот ‘I Know a Place’ стана оптимистичка химна за „квир заедницата, луѓето со различна боја на кожа, имигранти и тие кои не се чувствуваат безбедно во своја кожа“. Музиката и нивните позитивни, инклузивни пораки сигурно ќе им донесат многу повеќе фанови годинава.

извор: last.fm