Повик за имплементација и поддршка на локални заедници

30.03.2018 15:02
Повик за имплементација и поддршка на локални заедници

Центарот за современи уметности – Скопје во рамките на проектот „Креативни заедници“ објавува повик за имплементација и поддршка на локални иницијативи. 

Овој повик се однесува на поддршка на различни локални иницијативи кои би се спроведувале на ниво на заедници, а е дел од проектот „Креативни заедници“ кој Центарот за современи уметности го имплементира со поддршка на Проект на УСАИД за граѓанско учество.
Под поимот локални иницијативи се подразбираат културни, развојни и проблемски ориентирани иницијативи од било кој дел на Македонија кои имаат за цел да го охрабрат граѓанското учество, самоорганизацијата и креирање различни настани, акции и програми на ниво на заедници.

Локалните иницијативи треба да имаат за цел да овозможат на креативните индивидуалци и групи, локалните НВО-а, уметниците, културните дејци, граѓанските иницијативи и групите граѓани како и сите останати кои делуваат на полето на развојот на заедницата и или културата на локално ниво (со акцент на селата и местата под 10 000 жители), да започнат имплементација на иницијативи кои ќе придонесат за внатрешен развој, препознавање и презентирање на потенцијалите на нивните заедници.

Локалните иницијативи едновремено треба да ги охрабрат и поттикнат граѓаните со заеднички труд на повеќе членови на заедницата да работат на унапредувањето на развојот на заедницата, нејзината видливост, препознатливост, можности за развој на културата и да ги препознаат сопствените потенцијали, ресурси и можности за јакнење на заедницата и граѓанско учество на локално ниво.

Право на учество/имплементација на локални иницијативи имаат:
Групи граѓани од најмалку 5 жители на еден регион, месни заедници, невладини организации, локални уметници од сите струки, постоечки или новооформени активни граѓански иницијативи, како и локални (формални и неформални) спортски друштва кои активно работат на унапредувањето на одредени сектори во рамките на заедниците (локални планинарски, риболовни, велосипедски и други друштва и здруженија).

Финансирањето на локалните иницијативи ќе биде директно од страна на Центарот за современи уметности (ЦСУ) – Скопје, во рамките на проектот „Креативни заедници “, со максимален износ до 48.000 ден., невклучувајќи ги тука логистичката, стручната и техничката помош на иницијативата која е предвидена за време на имплементација.

Локалните чинители исто така се охрабруваат да изнајдат материјални и нематеријални средства и од други извори.

Овој циклус на повикот е отворен до 27 ми април 2018.
За подетални информации и прашања контактирајте не на scca@scca.org.mk, тел. 02 3 133 541, или на FB https://www.facebook.com/cacskopje.

 

ОкоБоли главаВицФото