Повик за уметници, илустратор(к)и и дизајнер(к)и за FIERCE WOMEN WOW карти

21.05.2020 15:25
Повик за уметници за поддршка на женските права

Во рамки на својот меѓународен проект, организацијата Тиииит! Инк. распиша конкурс за уемтници.

Дали си уметни(к)ца во потрaга по можност за поддршка на женски права и родова еднаквост, влијаејќи преку својата креативност? Помогни ни да претставиме 30 значајни жени од Ирска, Словенија, Северна Македонија и Хрватска за првиот дополнителен шпил од Fierce Women играта со карти, правејќи уметничко дело од секоја посебна карта.

Во 2018 година Здружението на граѓани Prostor rodne i medijske kulture K-zona од Хрватска, разви иновативна игра со карти Fierce Women која ги запознава нејзините играчи со достигнувањата на жените во сферите на културата, политиката, науката, феминизмот, човековите права и уметноста. Ова е забавен, едукативен и општествено ангажиран производ кој ја нуди можноста да го отвори прашањето за родовата еднаквост во нашите општествени кругови.

Организациите City of Women (Словенија), Common Zone (Хрватска), Tiiiit! Inc. (Северна Македонија) и Outlandish Theatre Platform (Ирска) во моментот го имплементираат проектот Women on Women (WOW), кој има за цел да даде видливост на жените преку примери на инспиративни жени кои нашето општество го менувале на подобро. Проширувањето на картите со WoW шпил е одличен начин да ја дадеме таа видливост на овие жени! Токму тука е твојата улога! Бараме уметници од цела Европа, да портретираат 30 жени кои ние ќе ги вклучиме во овој нов шпил.

Одбери, од една до три од листата на избраните жени и претстави ја во твој уникатен стил. Освен нивните имиња, листата дава преглед и на нивни куси биографии и линкови каде можете да откриете дополнителни информации кои ќе ви помогнат во креативниот процес. Тоа што е важно за нас е илустрациите симболично да го претставуваат и нивното занимање, освен што ќе го претставуваат нивниот лик. Нека ти послужат како инспирација илустрациите од оригиналниот шпил на овој линк.

Како да се пријавиш?

Повикот за Fierce Women WOW Cards е отворен за сите уметници, илустратор(к)и и дизајнер(к)и од Европа. Не е задолжително да ни испратите завршено дело, туку доволно е да аплицирате само со скица. Можноста да ги довршите своите илустрации ќе биде отворена подоцна, доколку се најдете меѓу селектираните уметници. Исто така, по процесот на селекција, на избраните уметници ќе им бидат доделени дополнителни женски ликови од шпилот.

Поднеси ја твојата пријава преку линкот на Google Form, најдоцна до среда, 24 јуни 2020, 23:59 средноевропско летно време.

Надоместок за уметница/уметник селектирани за соработници на проектот:

160 евра (бруто) награда по илустрација, во зависност од бројот на илустрации вклучени во дополнителниот шпил Fierce Women WOW карти

Тво(ите)јата илустрација/ии на Fierce Women ќе бидат вклучени во дополнителниот шпил Fierce Women WOW карти и промовирани преку различни канали на проектните партнери (социјални мрежи фејсбук, инстраграм, фестивали и други настани)

Ќе добиеш 5 од дополнителниот шпил Fierce Women WOW картите и еден од оригиналниот шпил Fierce Women карти

Ми се допаѓа идејава, но не сум уметница/уметник, дали можам да придонесам на некој начин?

Да! Ве замолуваме да ни помогнете да ја пренесеме пораката со тоа што ќе го препратите овој повик до своите одлични пријатели и пријателки-уметници или означете ги на својот Instagram/Facebook пост.

Друг начин на којшто можете да придонесете е да споделите со нас жена која ве инспирира. Секогаш сме во потрага по инспиративни жени од целиот свет, а ова е само првото дополнување на шпилот и тука нема да застанеме.

Слични содржини

Активизам / Графички Дизајн / Уметност
Активизам / Графички Дизајн / Уметност / Настан
Активизам / Графички Дизајн / Уметност
Активизам / Графички Дизајн / Живот / Уметност
Активизам / Графички Дизајн / Уметност

ОкоБоли главаВицФото