1018 hPa
70 %

4 °C
Скопје - Саб, 15.02.2025 20:59
Окно и Маргина распишуваат конкурс за гифови. Рокот е 20 октомври.
Годинава одбележуваме 10 години од покренувањето на Окно и 25 години од првиот број на списанието за култура Маргина.
По тој повод распишуваме КОНКУРС ЗА ГИФОВИ. Темата е: КНИГА/КНИГИ.
Планираме парично да ги наградиме автор(к)ите на десетте најдобро оценети гифови.
Вкупниот награден фонд изнесува 36.000 денари.
Најдобрите три гифа ќе добијат по 5000 денари, а другите седум по 3 илјади денари.
Жири комисијата ја сочинува редакцијата на Окно: Никола Гелевски, Александра Бубевска, Алек Кузмановски и Фросина Крушкаровска.
Рокот за испраќање е 20 октомври 2019 година.
Пожелно е гифовите да да бидат до 1МБ. Тие гифови ќе имаат мала предност при оценувањето. Можат да се испраќаат и поголеми гифови, до 3МБ. Секој учесник на конкурсот може да испрати најмногу три (3) гифа.
Гифовите можете да ги испраќате на следнава адреса:
konkursgif@gmail.com
Најдобро оценетите гифови ќе ги претставиме во неколку градови низ Македонија, во рамките на малиот проект: „Медиумот е порака: 10 години Окно и 25 години Маргина“.
Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија, во рамки на акцијата „Новиот бран“.
Во продолжение, почитувани читател(к)и, уметници, графички дизајнери, аматери, ентузијасти, експериментатори... ви нудиме десетина гифови на темата, како инспирација.
20 октомври, значи, недела, до 24 часот!
Ве очекуваме!