Ги сакам искрените луѓе. Отворените.

11.04.2018 00:53
Ги сакам искрените луѓе. Отворените.

Ги сакам искрените луѓе. Отворените. Оние во кои нема задна мисла ни лицемерие. Ги сакам наглите, незаузданите, неумерените, оние со краток фитил. Што не планираат и не му ја мислат, на последиците, на опасностите, ризиците, на својот газ... што сè ти кажуваат в лице. Без перде. Ачик човеците.

Што гласно се смеат кога се радосни и смеата им е заразна. Што плачат кога се тажни. Што не плачат кога ги боли. Цврстите. Што се гневат кога се очајни. Оние што не се плашат од темница ни од грмотевица. Што тропаат глупости кога се заљубени. Што црвенеат кога се срамат и што кршат кога се лути, и на себе и на друг. Оние што не ги лаат кучиња. Што одат боси во коприви и вадат жар со гола рака, ако треба. Оние што не носат бели ракавици и што скокаат во вода од висока карпа. Ги сакам живите луѓе, големите деца. Оние што мирно спијат. Нерасипаните. Нерѓосаните. Дека се ретки, затоа.

ОкоБоли главаВицФото