Скриените симболи на светскиот хит „This is America“

12.05.2018 00:26
Скриените симболи на светскиот хит „This is America“

Најновиот сингл на Childish Gambino, „This is America“ („Ова е Америка“) предизвикува бурни реакции во јавноста. Видеото, кое премиерно беше прикажано во американското шоу „SNL“, на You tube, за десетина дена има над 79 милиони прегледи.

Во него, тој ја прикажува Америка како земја каде забавата е поважна од правдата. Во видеото, ликови умираат, но и покрај тоа, музиката на моменти е весела и игрива.

Режиран од Хиро Мураи, видеоспотот изобилува со симболи кои го нагласуваат теророт и неправдата кон Афроамериканците.

Би-би-си се обиде да ги разоткрие скриените значења во видеото. Во продолжение, дел од нив:

Човекот кој свири на гитара – На почетокот на видеото, човекот кој личи на таткото на Трејвон Мартин свири гитара. Тоа е момент кога се прикажува убиството на тинејџерот Трејвон Мартин пред пет години.

Гловер пука во човекот што свири на гитара – Човекот кој свири на гитара има качулка што му ја покрива главата, додека Гловер прави поза која потсетува на Џим Кроу (назив кој ги означува законите со кои се ограничувале правата на црнците, но и претставува карикатура од Првата светска војна која го прикажува црнецот како мрзлив роб).

Црвената ткаенина – Ова парче ткаенина кое го подава добро облечен човек се користи за внимателно да се покрие пиштолот кој Гловер го користи за да го убие гитаристот. Тоа алудира на фактот дека пушките се поценети од луѓето меѓу повеќето Американци. Кога телото на мртвиот гитарист е тргнато од екранот, Гловер продолжува да се насмевнува и танцува како ништо да не се случило.

Убиството на хорот – Гловер уште еднаш го нагласува проблемот со насилството со оружјето, пукајќи во невин црковен хор. Тоа најверојатно е референца за масакрот во 2015 година во Емануелската африканска методистичка епископална црква во Чарлстон, Јужна Каролина.

Децата што танцуваат – група деца кои танцуваат околу Гловер го претставува светот како ги конзумира социјалните медиуми и забавата додека светот гори околу нив. Децата се облечени во униформи што ги носат учениците од Јужна Африка и танцуваат „gwara-gwara“, танц кој потекнува од Јужна Африка. Танцувањето, исто така, се чини дека е чувство на гордост и заштита од хаосот на светот.

Постари автомобили – На крајот од видеото, автомобили од пред две-три децении се поставени во центар: нешто што можеби се однесува на Филандо Кастиљ, кој беше убиен во неговиот „Олдсмобил“ од 1997 година.

Фигура со качулка на коњ – Фигура со качулка јава бел коњ кој галопира толку брзо што може да го пропуштите, но веројатно потсетува на јавачот на Апокалипсата во Библијата. Со други зборови, тоа се однесува на крајот на светот. Според Библијата, првиот коњ бил бел.

 Извор: BBC  

ОкоБоли главаВицФото