Европска диплома за проектен менаџмент во културата 2018/2019

16.05.2018 00:56
Европска диплома за проектен менаџмент во културата 2018/2019

З.Г.“Локомотива - Центар за нови иницијативи во уметноста и културата” -Скопје организира “Европска диплома за проектен менаџмент во културата 2018/2019”, која ќе се оддржи во периодот од 11ти до 20ти мај во Охрид, Струга и Скопје.

Програмата “Европска диплома за проектен менаџмент во културата 2018/2019” е во организација на Фондацијата Марсел Хиктер од Брисел која ја организира веќе 20тина години, и преку која се вмрежуваат и развиваат професионални капацитети на над 2.000 културни оператори од целиот свет.

Првиот дел од “Европска диплома за проектен менаџмент во културата 2018/2019”, организиран од Локомотива, а целосно поддржан од Министерство за култура на Р.Македонија, е во соработка со Музеј на современа уметност, Скопје, Национална галерија на Македонија, Скопје и Здружение “ИНКА”, Струга.

Програмата “Европска диплома” има за цел да ја поттикне културната разновидност и меѓурегионалните размени. Преку подобрување на вештините на културните менаџери во областа на културниот менаџмент, програмата настојува да се развијат капацитети и алатки потребни за културна соработка во Европа, а на тој начин да се издигне културата во Европа на едно повисоко ниво.

Како дел од програмата во Македонија ќе присуствуваат 15 културни оператори од Франција, Норвешка, Србија, Сирија, Буркина Фасо, Полска, Беларусија, Шведска, Белгија и Холандија, кои заедно со културните оператори од институциите, како и од независниот сектор од Македонија, ќе имаат можност да проследат предавања од експерти од Европа на теми: „Перспективи и програми од областа на културата на Европска Унија“ со Бенедикт де Броувер, „Поттикнување на промена и развој во управувањето со проекти” со Џонатан Гудакр, “Партнерски проекти за културна соработка и културно вмрежување” со Жан Пјер Деру.

Во рамки на програмата наменета за пошироката јавност, ќе се одржи дискусија на тема „Културни политики на Р.Македонија и меѓународна соработка” на која ќе учествува Министерот за култура, г-дин Роберт Алаѓозовски, претставници од институциите за култура во Р. Македонија, од независната сцена и експерти. Дискусијата ќе биде модерирана од Жан Пјер Деру. Оваа дискусијаќе се одржи на 17ти мај (четврток) во 18:00 во Кино Култура.

Во рамки на програмата културните оператори од Европа исто така ќе посетат наши институции и организации од независниот сектор, односно ќе се запознаат со културните оператори од Македонија и нивната работа, со цел понатамошни меѓународни соработки.