НЕ за пасивноста во културата

28.05.2018 01:41
НЕ за пасивноста во културата

Од 1 до 3 јуни во Музеј на Македонија, студентското археолошко здружение „Аксиос“ најавува серија дискусии, филмски проекции, поезија и забава, на настан наменет да се каже не на пасивноста во културата.

Студентите од „Аксиос“ велат дека како идни активни учесници во археологијата и историјата на уметност веруваат дека е потребна поширока одговорност во градењето на културата во општеството.

„Работниците во полето на културата имаат значајно место во општеството, тие се личности кои треба да даваат придонес во развојот на заедницата. Од тука тргнавме да организираме настан кој ќе го потенцира местото на културата, науката и уметноста – археолози, историчари на уметност, историчари, филозофи, етнолози, класичари, дефектолози, психолози, графичари, сликари, вајари, глумци, поети, музичари… – сите на едно место да ги срушиме бариерите и да кажеме НЕ за пасивноста во културата“, порачуваат од здружението.


Програма:

1 јуни

17:00 – 20:00 - Рецепција на антиката во современата уметност - проекција на филмот "The Name of the Rose" (1986) и презентација „Антиката во филмскиот серијал Хари Потер“
20:00 – 21:00 - Јавна дебата „Често поставувани прашања и негативни одговори“ – отворена дискусија за предизвиците во развојот на културата и уметноста во Македонија и светот и нивното влијание во општеството.
21:00- 00:00 - Музички DJ сет на Oubli и Зафировски Никола.

2 јуни

17:00 – 19:00 - Проекција на кратки етнолошки филмови | Тема:Не! - во организација на Македонското студентско етнолошко-антрополошко друштво.
19:00 – 21:00 - Јавна дебата „Толеранционен логор“ - отворена дискусија посветена на цензурата, толеранцијата и дискриминацијата во општеството, уметноста и науката. Модерирана од членови на Студентското археолошко здружение „Аксиос“.
21:00 - 00:00 - Музички концерт на млади рок и метал бендови.

3 јуни

18:00 - 19:00 - Дискусија: „Елитизмот во уметноста“ – отворена јавна дебата за елитизмот во визуелната уметност и нејзината достапност до популацијата со нарушен вид (проследена со соодветна изложба на тактилни уметнички дела). Модерирана од членови на Студентското археолошко здружение „Аксиос“ во соработка на студенти од институтот за Дефектологија и студенти од Факултетот за ликовни уметности.
19:00 - 20:00 Читање поезија
21:00 - Oтварање на изложба на дела во авторство на студенти од Факултетот за ликовни уметности и завршените дела од „Уметност на отворено“.

Од „Аксиос“ информираат и дека за време на целиот настан ќе има катче каде присутните ќе може да проследат создавање на уметнички дела на отворено, како и да го поддржат создавањето на применетата уметност преку купување на облека, торбички и други рачни изработки.