За добрите идеи

26.06.2018 18:49
За добрите идеи

Стивен Џонсон (Steven Johnson), еден од најиновативните популарни мислители, на возбудлив начин се занимава со едно од клучните прашања: од каде доаѓаат добрите идеи?

Тој ни покажува дека прашањето што треба да го поставиме е: Каков вид на средина го поттикнува развојот на добри идеи? Неговите одговори секогаш се откривачки, убедливи и инспиративни, додека тој ги идентификува седумте клучни принципи за генезата на таквите идеи и ги проследува низ времето и дисциплините.

Највозбудлив е заклучокот на Џонсон дека со денешните алатки и опкружување, радикалните иновации се извонредно достапни за оние кои знаат да ги развиваат. Од каде доаѓаат добри идеи, е важна поука за секој кој сака да знае како да се смислат утрешните одлични идеи.

Извор: RSA Animates

 

Слични содржини

Фотографија / Психологија / Око
Графички Дизајн / Психологија / Око
Психологија / Стрип / Око
Психологија / Теорија / Око
Психологија / Теорија / Око
Книжевност / Уметност / Филм / Око

ОкоБоли главаВицФото