Животните постепено го преземаат светот

14.09.2010 14:31
Животните постепено го преземаат светот

Данскиот фотограф Јохан Росенмунте во една од своите серии фотографии се позанимава со малку апокалиптичното и необично контекстуализирање на животинските видови во урбаните пејзажи.

Преку комбинирање на неколку фотографии Росенмунте создаде слики на кои дивите животни гордо стојат во сосем поинакво опкружување од нивното природно живеалиште.

Идејата за сместување на егзотичните животни во обичните градски локации произлегува од неговиот светоглед и критиката на современото човештво кое неспрестајно се бори за освојување нови простори.

Иако серијата фотографии го носи насловот „The Isle of Human“, амбиентите кои во овие монтажи ги создаде Росенмунте како да сугерираат дека човечкиот вид исчезнал, а разновидните животни го „презеле“ светот.

Извор: www.rosenmunthe.com

Да, а растенијата колкави

Да, а растенијата колкави доминатори се?
Видете само било кое напуштено индустриско зониште.
Ангкор Ват во Камбоџа па да не го ни спомнуваме.

Слични содржини

Фотографија / Екологија / Уметност / Око
Фотографија / Око
Фотографија

ОкоБоли главаВицФото