Да се биде слеп фотограф

20.12.2011 14:40
Да се биде слеп фотограф

Евген Бавсар го изгубил видот на обете очи пред да наполни 12 години. Сепак, тоа не го спречило да стане фотограф кој денес изложува низ светот.

„Го фотографирам она што го замислувам“, вели тој, „може да се каже дека претставувам еден вид Дон Кихот. Оригиналната замисла се наоѓа во мојот ум. Се работи за создавање ментална слика, а физичката фотографија е најдоброто од она што можам да го извлечам од мојата фантазија... Знам дека секогаш нешто ми се искраднува, дека фотографиите никогаш не се целосно она што сакам да бидат. Тие се кревки; јас никогаш не можам да видам што сум снимил, но знам дека постојат, и некои од нив длабоко ме трогнуваат“, вели Бавсар.

А како ги избира фотографиите? „Ги одбирам преку допирање на самата фотографија, се обидувам преку материјалот да продрам во нејзината слика; но исто така има неколкумина кои ми ги опишуваат, и јас создавам една претстава во мојот ум која е комбинација од она што го гледаат посредниците и мојата внатрешна замисла“, вели овој слеп фотограф.

Извор: flavorwire.com

ОкоБоли главаВицФото