Сè што поседувам

28.02.2012 13:53
Сè што поседувам

Во серијата фотографии насловена „All I own“ (Сè што поседувам), шведската фотографка Сана Квист (Sannah Kvist) ги замоли пријателите и познајниците да го соберат на куп сето она што го поседуваат и да ѝ позираат.

Имено, преку овој проект Квист сака да создаде портрет на својата генерација. Сите учесници на фотографиите се лица родени некаде во осумдесеттите години на минатиот век и израснати во Шведска.

Низ изборот кој ви го претставуваме овде можете да забележите колку ние сме определени од нашето опкружување, од нашето консумерско однесување и медиумите околу нас. Многу од нашите потреби се измислени и ние купуваме производи кои воопшто не ни се потребни, а со текот на годините и развојот на потрошувачкото општество се создаде поколение кое многу брзо се ослободува од „застарените“ производи, т.е. од оние производи кои веќе наредната сезона не се во мода.

Извор: ignant.de

ОкоБоли главаВицФото