Интимниот живот на британските гангстери

29.12.2011 15:40
Интимниот живот на британските гангстери

Британскиот фотограф Џослин Бејн Хог помина десет години во документирање на организираниот криминал во Британија.

Овие фотографии ги прикажуваат озлогласените престапници во нивните домови, на приватните забави, за време на деловните разговори, на погребите или во други ситуации.

(горе: Мики со Марија и Шанел во домашно опкружување)

Неговиот проект е наречен „The Firm“, е првпат беше прикажан во 2001 г. Во 2008 година тој повторно му се наврати на проектот, а сега е изложен во лондонската галерија Foto 8.

Расчистување со должник од јужен Велс

„Ова не се лицата на криминалците кои се кријат зад фасадата на почитуваните членови на заедницата или зад корупцијата на политичкото влијание. Овие се, всушност, луѓето кои ја држат главата крената кога се предизвикани и кои не бараат разбирање меѓу јавноста“, вели Хог за главните јунаци на неговите фотографии.

Бандата на Мики во Тенерифе

Приватна гангстерска забава на Мејфер

„Деловен“ разговор на Мики во барот Боб

Момците на Берни во јужен Велс

Погребот на Чарли Креј во 2000 г.

Извор: flavorwire.com

ОкоБоли главаВицФото