1014 hPa
23 %
34 °C
Скопје - Нед, 16.08.2026 15:59
_4.jpg)
Само 3 отсто од анкетираните во истражувањето на јавното мислење на МЦСМ изјавиле дека се запознале од самиот договорот – односно само 32 од испитаниците го прочитале Договорот со Грција.
На контролното прашање – испитаниците да посочат како во Договорот е дефинирана националноста (државјанството), само 17 отсто го навеле точниот одговор (Македонци/граѓани на Република Северна Македонија).“
Иако 84 отсто од испитаниците изјавуваат дека се запознаени со Договорот, степенот на запознаеност со неговите одредби варира од нешто помалку од 20% кои сметаат дека се целосно запознаени, до 28 отсто кои се само делумно или воопшто не се запознаени со Договорот.
На прашањето од каде се информирале за договорот, за големо мнозинство (73%) тоа се медиумите, потоа од социјални мрежи (14%), а 6 отсто од пријатели. За одбележување е дека само 3 отсто изјавиле дека се запознале од самиот договорот – односно само 32 од испитаниците го прочитале Договорот со Грција.
На контролното прашање – испитаниците да посочат како во Договорот е дефинирана националноста (државјанството), само 17% го навеле точниот одговор (Македонци/граѓани на Република Северна Македонија).
Извор: Рефлектор, МЦМС