Некој го утиња падежот, некој животот

30.08.2018 02:27
 Некој го утиња падежот, некој животот

Стефан Митиќ ТиќМи е млад писател од Лесковац, неговиот роман за деца „Јас сум Акико“, неодамна на Саемот на книга во Херцег Нови беше прогласен за најдобра книга за деца на годината. ТиќМи е познат по тоа што во населбата Анчики, блиску до Лесковац, во една напуштена куќа направил мала бесплатна библиотека со 5000 книги. На пошироката јавност тој ѝ е познат и како преведувач на поезија на знаковен јазик за глуви.

Неговите песни се преведени на македонски, руски и англиски јазик.
Тој ќе биде гостин на Скопскиот книжевен фестивал „Друга приказна“, што од 6 до 9 септември ќе се одржува во Скопје.

 

Како би опишале дејт со девојка?

Пред дејтот сум се најал грав и после цело време чекам во кој момент ќе проработи вулканчето.

 
Да сте музички инструмент, би бил...

Дупката на свиралото, последната, се разбира…

 

Вашиот омилен суперхерој е...

Мојот другар Милан, тој има две мачки: Зорка и Живана.

 

Вашиот скриен талент е...

Можам да јадам ајвар и сирење за појадок, ручек и вечера, три месеци по ред.


Која ви е првата асоцијација на детството?

Ми се мочаше секогаш кога игравме миженка.


На што уште се сеќавате?

Се сеќавам на бомбардирањето во ’99-та и подрумот во кој се криевме. Игравме шах. Јас тогаш имав седум години, ги победував сите по ред иако бев најмлад. Победував во моментот кога сите по ред бевме поразени, цела држава. Тие мои победи беа лажни и ништовни зашто ме пуштаа да победувам. Затоа сега, дваесет години подоцна, немам намера никого да победам, тука сум само да ги помрднувам фигурите во својата глава и од нив да создавам јунаци на моите романи.


Која позната личност би сакале да ја запознаете?

Би сакал да го запознаам голманот Игор Акинфеев и да го прашам зошто никогаш не сакал во u Football Manager да премине од ЦСКА во Партизан и да му објаснам дека тоа е само игрица.
Би му кажал: „Чувак, это просто игра“. Можеби би ме разбрал.

 

Кога би се појавил дух од ламба, би посакале...

Би посакал да не сум се направил толку лом со вињакот за да ми се причинуваат духови од ламба.

 

Според вас, што е најголемата заблуда на денешницата?

Најголема заблуда на денешницата е тоа што мислиме дека некој нè почитува кога ќе застане на пешачки да ја поминеме улицата. Тој некој не нè почитува нас, туку законот. Може еднаш сите заедно да се собереме околу логорски оган и да поразмислиме за тоа.

 

Што не ви јасно во денешниот свет?

Мојата мајка го крие тоа од мене, а јас едноставно сум сигурен, мислам дека ме родила во Слатката куќа помеѓу рафтовите на кои стоеле јафи, наполитанки и крем бананчиња бидејќи не ми е јасно од каде ми е оваа голема љубов кон колачите.


Кога станавте писател?

Во оној момент кога мајка ми престана да ми ги пишува писмените по српски.


Која е вашата омилена комедија?

Сопствениот живот.


Каде би сакале да отпатувате?

Би сакал да патувам во Јапонија и да го посетам Музејот на какање. Таму постои голем тобоган во облик на wc шолја и децата насмеани се спуштаат. Би сакал да сум тие деца.


Личност со која никогаш не би влегле во џамија?

Баба ми. Мислам дека и во тој момент би ми рекла: „Маки, обуј чевли, ќе настинеш.“

 

Ако случајно би биле боксер...

Би бил нокаутиран.

 

Што правите кога врне дожд?

Пуштам на you tube: 10 Hours Rain and Thunder Healing Ambient Sounds for Deep Sleeping Meditation Relaxation Spa и потоа во еден момент тоа станува двојна пенетрација.


Раскажете ни неколку анегдоти од вашиот живот.

Еднаш поминав покрај аптеката „1 мај“ а беше 25 октомври. Бев збунет.
Еднаш кога возев автомобил им „блендирав“ на цајканите побавно да возат зашто позади има цајкани. Тоа беше баш налудничаво.


Цитат.
Некој го утиња падежот, некој животот.

 

(во паузата помеѓу пишувањето на новиот роман и обидот да го живеам својот живот, седнав спроти себе и направив интервју со себе си, фејс ми помогна со прашањата).