Промоција на работна тетратка „Град за сите: Модерна за деца“

08.10.2018 00:59
Промоција на работна тетратка „Град за сите: Модерна за деца“

На 9 октомври (вторник) во 19 часот во Националната универзитетска библиотека Св. Климент Охридски ќе биде промовирана публикацијата „Град за сите: Модерна за деца“.

На промоцијата ќе бидат прикажани фото и видео записи од работилниците спроведени во рамки на проектот, а ќе бидат изложени и делата на учесниците во работилниците, деца од Скопје и пошироко, на возраст од 7 до 13 години.

Првиот дел од публикацијата е своевидна презентација на сработеното, додека вториот дел е замислен како работна тетратка за сите деца на оваа возраст, заинтересирани за архитектура и наследството на Скопје. Во публикацијата има и работна програма според која може во неформални услови да се спроведе истата програма.

Проектот беше поддржан од Годишната програма за култура на Град Скопје за 2018 година.

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото