Модерните гоблени на Мишел Кингдом

09.10.18 13:45

Уметницата Мишел Кингдом од Лос Анџелес изработува мали, илустративни сцени со митолошки или ритуални сценарија, главни ликови се жени кои учествуваат во мистериозни акции или во нејасно дефинирани односи.

„Моите дела ги истражуваат психолошките пејсажи, неизговорените мисли. Создавам мали светови за да ги фатам неизговорените, но упорни внатрешни гласови. Литературните фрагменти, спомените, личните митологии и историските референци на уметноста ги формираат овие слики, кои ги истражуваат љубовните односи, семејството и самоперцепцијата“, вели Кингдом.

Делата се везени врз основа на цртежите на авторката.

 

Извор: booooooom.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото