Мишел Кингдом

02.06.16 10:22

Уметницата Мишел Кингдом која живее и работи во Лос Анџелес продолжува да импресионира со својата мајсторска игра со конец и игла. Нејзините везови на фигури и пејзажи прикажуваат личности фатени во средиштето на интригантни и двосмислени ситуации, во состојби помеѓу јавето и сонот, со ликови изгубени во своите светови надвор од нивна контрола или во процес на барање на смисла. Уметницата зборува за процесот на работа:

„Направени во минијатурни размери, сцените се густо извезени во компресирани композиции. Додека во нив се препознава сјајот и плетката својствени за везот, конецот го користам и како алатка за скицирање, со цел истовремено да ја испочитувам, но и да ја надминам оваа традиција. Убавината и меланхолијата се подеднакво застапени и стојат во иста линија, додека конвенционалните конци ги помируваат и усогласуваат кревкоста и експресивноста.“


Извор: www.thisiscolossal.com

ОкоБоли главаВицФото