Moonassi

28.03.16 11:15

 

„Moonassi“ е илустративна серија на Дај Хјун Ким, уметник од Јужна Кореја, кој го привлече вниманието црно-белите цртежи кои почнува да ги работи за време на неговите студиите по ориентално сликарство на универзитетот Хонглик во Сеул. Иако колекцијата нема конкретна тема, она што импресионира е Чувството кое го имаме кога ги набљудуваме сцените кои ни се чинат толку блиски и покрај тоа што се апстрактни.

Сите сме имале денови кога сме се чувствувале заробени, и други во кои сме имале потреба нашите мисли физички да се состават и да добијат некаква целина. Се чини дека сликите се обвиткани во меланхолија, но можеби е така затоа што чувствата на субјектот се толку опипливи. Сепак, и покрај тоа што темата е меланхолична, делата неспорно се убави. Едноставни и впечатливи.

Ким објаснува: „Серијата цртежи наречена „Moonassi“ ја работам од 2008 година. Moonassi е моето уметничко име, што е слично на будистичкиот термин Anattа*. Од самиот почеток сакав да нацртам нешто што навистина го знам, и нешто за што навистина можам да зборувам.“

„Моите цртежи зборуваат за мене и за другите. Она што сакам да го создам е цртеж кој ќе биде како празен простор меѓу мене и гледачот, така што луѓето ќе можат за тоа да зборуваат и да најдат свои приказни во моите цртежи. Користам само црна боја бидејќи така е поедноставно. Цртам на мали парчиња хартија, бидејќи е соодветно.“

*Несебство (пал. anattā, санск. अनात्मन् anātman) е темелен поим во будистичката филозофија кој означува непостоење на трајно себство, а во поширока смисла несуштественост, безсвојственост. Суштината на учењето за несебството е дека не постои себство, личност, нема живо суштество или животен принцип кој е траен. Човекот е жив континуиран процес кој не останува ист ниту во два последователни мига, бидејќи претставува бесконечна низа на промени.

Извор: www.creativeboom.com

ОкоБоли главаВицФото